Значењето на празникот Преображение Господово
Ако „Преображението е централен настан на сотириолошкото учење на Црквата, бидејќи ја покажува целта на постоењето на човекот“ (о. А. Шмеман), а таа е личното преображение и обожение, тогаш таа истовремено и го поттикнува човекот да дојде до посакуваната цел. И за да би можел човекот да го доживее тоа, најнапред треба да го очисти своето срце.