Венко Андоновски: Писмо до бугарскиот пријател: Да не гребеме со нож по палимпсестот, за да не се погребеме!
Драг мој бугарски пријателе, Ти пишувам тебе, што се занимаваш со уметност и вистинска наука, а не со политика, во надеж дека ќе ме разбереш. Тонот на моето писмо нема да биде ни политички ни „академски“, зашто токму „учените расправи“ нѐ доведоа до ова дереџе: да ни биде непријатно, ако си режисер, да направиме заеднички моја претстава во Софија, или твоја во Скопје.