Што било прво: Црквата или Новиот Завет?
Конечно, моето разбирање за вдахновеноста на Писмото е прочистено со учењето на црквите за личноста на Христос. Воплотеното Слово Божјо, Господ наш Исус Христос, не е само Бог, туку е и човек. Христос е единствената Личност со две природи - божествена и човечка. Потценувањето на Христовата човечка природа води во ерес. Древната Црква учела дека Воплотениот Логос во потполност е човек - навистина, човек онолку колку што може да биде - но сепак без никаков грев. По Своето човештво, Воплотениот Логос е роден, растел и достигнал зрела возраст.