Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
23 Недела по Педесетница, Гостивар (04.11.2018)
На 04.11.2018 Во соборниот храм Пресвета Богородица - Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослуженије на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент, игуменот Фотиј од Беровскиот манастир „Успеније на Богородица“, јеромонахот Ефросиниј од Бигорскиот манастир и свештеници од Тетовско-гостиварската епархија богослужеја света Литургија.