Гордана Попсимонова - РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК
Првото тромесечие во гимназија, ми беше невидена шамарчина. Од континуирано одличен ученик во основно училиште (во времето кога се повторуваа одделенија), првите оценки беа катастрофа. Два на еден за писмена работа по латински, еден на два за писмена работа по математика. Обете - со црвено пенкало заведени во дневникот. Нормално дека, по принципот одложение-спасение, дома не беа пријавени и нормално дека дојде времето суровата вистина да излезе на површина.