Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 56)
Во она време пристапи кон Исус еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат садукеите со Него и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ,Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е првата заповед. А втората е слична на неа: ,Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема.