Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (3)
Но, во светот, има големи и прославени луѓе кои не само што давале данок, туку принесувале дарови, удостојувајќи се со високи почести, благодети и почитување. Така и светите отци не само што ги зачувале заповедите, туку и дарови Му принесувале на Бога. Овие дарови се девственоста и сиромаштвото. Овие не се заповеди, туку дарови. Никаде не е напишано: не земај жена или немој да раѓаш деца“.