отец Фотиј: Тие се живи...
"За починатите не треба да чувствуваме тага,зашто тие се живи.Тоа се луѓе кои живеат во духовниот свет,каде нема димензии, луѓе кои стојат пред Христос.Сите сме живи во Христа,а ако тоа не го разбирате така,тогаш не одиме во иста Црква,но секако ќе го разберете на последниот суд."


Човекот, „херојот“ на сечие време, вообразениот господар над природата, самозамислениот творец на технолошкото „совршенство“, соочен со феноменот наречен ’смрт‘, со тој негов најголем кошмар, станува едно бедно, уплашено и крајно немоќно битие. Зашто, како што се изразил некој поет, „смртта вид нема, но сè што има вид на земно суштество – го проголтува“.
Времето се менува – од облачно кон сончево, од ведро кон врнежливо. Така е и со човечката природа. Понекогаш мора да очекуваш дека темни облаци ќе го прикријат сонцето. Дури и светителите имале свои мрачни моменти, часови, денови, па дури и години. Тогаш говореле дека се „од Бога напуштени“, за во нивната совест да го врежат сознанието дека сами од себе, без Негова помош,
Светите Отци едногласно велат: првото нешто што секогаш мора да го имате на ум е дека никогаш, и во никој случај, не треба се потпирате на себе си. Борбата што ви претстои е исклучително тешка, и целата ваша човечка сила е недоволна за да истрае во неа. Ако се потпрете на неа, веднаш ќе бидете “оборени на земја” и веќе нема да имате желба да ја продолжите борбата. Само Господ
Бог ја бара од нас нашата автентичност и реално прифаќање на нашите егзистенцијални граници. Бог ја сака нашата човечност и искреност. Она што може да ни ја затвори вратата на Неговото царство нема да биде нашиот грев, туку нашето лицемерие и лага. Нашиот прикриен и откриен егоизам, кој верувајте ми, знае да се прикрие многу добро дури и во нашите очигледни добродетели.”
Децата се слични на компјутерите: уште додека се сосема мали, во своите глави регистрираат се што ќе видат или чујат во нивниот дом. Ако видат дека таткото и мајката се караат, преколнуваат и пцујат, тоа и ќе го регистрираат во лентата на својот ум.Кога еден ден ќе пораснат, ...
Таа знае само за добри работи во животот, додека оние лошите и се непознати. Тоа е друга категорија на луѓе која има позитивни мисли и ја гледа само добрата страна на работите. Тие секогаш се трудат да го прикријат злото за да ги заштитат ближните; напротив, луѓето од првата категорија се трудат да го изложат злото и да го изнесат на површина.
„“Тешките зборови“ на Господ Христос и на сите духовни отци што заедничарат со Него, имаат за цел да ги строшат тврдините што ги гради човечката надменост и да однегуваат кај верното чедо смерна навика да се учи од „кроткиот и смирен“ Господ (сf. Мт 11, 29).“
Никогаш и никому не треба да му ја нагласуваме неговата слабост, неговиот проблем. Никогаш не треба да го потсетуваме на неговиот недостаток, на неговиот грев... Бидејќи човекот не се менува со навреди, ниту со примедби... Само оној што е добродетелен може да промени некого.
Достигнувајќи го преку покајание слегувањето до врвот на превртената пирамида, духовниот отец станува едно со Христос и учесник во Неговата состојба. За време на Hеговиот живот во тело, Христос „едновремено ја живееше полнотата – недостижна за нас – и на страдањето и на торжествената победа: и смртта и Божествената слава“.
Многу одамна си живееше еден свет старец, кој многу се молеше, и често тагуваше поради човечките гревови и прегрешенија. Овој свет старец се чудеше како тоа може луѓето да одат в црква, да Му се молат на Бога, а да живеат лошо. А и гревот не недостасува во нивните животи...➕
Телесниот човек не може да го разбере духовниот. За него сè што зборува духовниот е измислица, зашто небесната логика е сосема различна од земната. Но, кога разговараш со телесен човек тој постепено може да дојде до некаков степен на разбирање, ќе сфати дека нешто го движи светот, дека во космосот има хармонија, а на земјата дисхармонија…
Но, како можеме да се молиме во состојба на вознемиреност? Би сакал да дадам неколку примери и да покажам дека е можно. Оваа вознемиреност скоро би можел да ја наречам предност, бидејќи како груба карпа, ни помага да се искачиме по неа, кога веќе не сме во можност да летаме.
Не ли е испит земниот живот за човекот? Неговите дни, зарем не се како дни на наемник? Како слуга што копнее за сенка и како наемникот што го чека крајот на својата работа, така и јас добив наследство од суетни месеци; тажните ноќи ми се избројани.
Првите се оние кои ја исполнуваат Божјата волја преку страв од осуда, односно тоа се почетниците. Она што го прават, не го прават заради самото добро, туку поради страв од маки. Други, пак, ја исполнуваат Божјата волја заради љубов кон Самиот Бог, Го љубат Него и знаат што е прифатливо за Бога.























