Нe, матeријата сама пo сeбe нe e лoша
Матeријата e гнилeжна, слаба и ништoжна вo спoрeдба сo бeсмртниoт дух, нo таа сама пo сeбe нe e лoша. Акo e лoша, зарeм Гoспoд Исус Христoс би гo вoстанoвил причeстувањeтo сo лeб и винo и зарeм лeбoт и винoтo би ги нарeкoл Свoe тeлo и Свoја крв? Матeријата да e сама пo сeбe лoша, какo тoгаш луѓeтo би сe крштавалe вo вoда? Какo апoстoлoт Јакoв би запoвeдал бoлнитe да сe пoмажуваат сo маслo?
Какo oсвeтeната вoдица би oстанувала надвoр oд расипувањe и какo би имала чудoтвoрнo дeјствo?


„Духовниот живот е упорен труд кој трае целиот живот. Во таа борба се случуваат и порази и победи. Меѓутоа, сѐ ќе надминеме со Исусовото име. Тешко на човекот кој, според предлозите од ѓаволот, на себе гледа како на среќен и задоволен. Добро е што вие ја гледате својата слабост – отсуството на љубов. Потрудете се околу тоа и не нарекувајте ги својот труд и напорите лицемерни. Не, тоа не е лицемерие, туку искрена желба да се има она што го нема а е крајно неопходно.
Умот честопати со години се заморува за да научи еден или два странски јазици. Во нашево време многумина знаат странски јазици, но овие јазици немаат никаква врска со јазиците од Светата Педесетница, зашто живееме во великиот Вавилон. Големо зло е кога со богословие се занимаваме само со помошта на нашиот разум, и кога
Слабата вера во Господа Кој кажа и вети, дека нема да ни биде дадено искушение или тегоба поголема од онаа која можеме да ја понесеме, е причина да изјавиме дека сме се соблазниле. Всушност, допрени се некои наши страсти, или слабости со коишто ние неможеме да се справиме и затоа помислуваме или изјавуваме дека многу тешко ни паѓа кога за некои работи ќе слушнеме или други видиме, а за кои не сме се надевале или не сакаме да помислиме дека се случуваат во нашата околина или од ближниот.
Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
Светот ќе постане зло, ќе исчезне милоста и љубовта кај луѓето.
Си беше еднаш еден свештеник, кој еден зимски ден не сакаше да служи Литургија, бидејќи беше многу ладно. Беше десет степени под нулата и свештеникот знаеше дека единствениот кој би служел со него тогаш, би бил црковниот пејач. Свештеникот не знаеше ништо за учењето на Црквата за присуството на Триумфалната Црква ниту па за тоа како Божествената Литургија им помага на живите и починатите. Со тешко срце се присили да замине во црква. По пат се молеше да не дојде црковниот пејач за да не мора да служи, туку да си замине дома. Но, пејачот сепак дојде.
Во нашето човечко сфаќање, ние сме склони да ги спротивставуваме славата и смирението, и на смирението да гледаме како на недостаток и слабост. Според човечкото рабирање, само нашата неспособност и отсуството на знаење можат во нас да предизвикаат чувство на смирение. На современиот човек, воспитан да се потпира на јавното мислење, на самоувереноста и на бесконечната самофалба, е речиси невозможно да му се објасни
Отпрвин, како човечко суштество, ме фати страв и си реков: Отецу, зошто ли ме прати овде? Зарем е ова рај? Да, ова е пекол, а не рај. Ќе видам како би можел овде подобро да се сместам, за да го исполнам правилото, додека Старецот не ме викне да се симнам. Ако тој така нареди, нема да се повлечам дури и да умрам: ако Старецот не ме повика назад, нема да се вратам. Подобро да се умре за послушание, отколку да се дезертира".
1. Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
Треба да го вкусувам смирението со лажица, повторно и повторно и често да се скрушувам.
Порано сѐ се правеше со молитва на устата: ораа – се мола, сееја – се молеа, ја збираа реколтата – се молеа. Денес, ние не знаеме какви луѓе го приготвиле тоа што го јадеме. Многу често храната се подготвува со богохулни зборови, пцуејќи, колнејќи… Затоа, пред да јадеме треба со особено внимание да се помолиме.























