Ретроспектива (2005-2020): ЗАБОРАВЕНО ЛЕКАРСТВО (I дел)
Во едно затскриено, убаво балканско селце пристигнал на летна почивка чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал што поскоро да најде место каде што ќе престојува за да си отпочине. Имал намера да ги усреќи оние кои ќе му дадат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој на гостољубивите домаќини сакал да им даде таков подарок, каков што тие дури и не сонувале.


Целото небо било исполнето со ангели и светители. Сите стоеле со приклонети глави завртени кон Господа. Рацете пак ги држеле прекрстени на градите.
Ние можеме да го напуштиме Бога, но Тој нас сигурно нема да не напушти. Иако некогаш ни се чини дека сме напуштени и сами, од Бога е, Тој го знае најдобриот пат за наше спасение. На нас е да го препознаеме Божјото присуство,
Во секого од нас постои искрата на Божеството, образот Божји, бесмртниот почеток, кој Господ го вдахнал во човекот при создавањето. Образот Божји во човекот, како прво, се наоѓа во бесмртноста на душата, во нејзината духовност, бидејќи Самиот Бог е совршен и апсолутен Дух; како второ, во разумот (во способноста на човекот да мисли, да биде свесен за својата личност и во можноста да го познае Бога); како трето, способноста за креативност (Бог – е Творец, и Он нам ни дал
Ти се нарекуваш себеси грешник, а всушност со животот свој покажуваш дека не се чувствуваш таков. Оној што се смета за грешник и виновен за многу зла, тој на никого не му противречи, со никого не се кара и на никого не се гневи, туку сите ги смета подобри и поразумни од себеси.
Еден од отците на светото православие од поново време, Свети Тихон Задонски, го кажа тоа преку призмата на неговото свето подвижништво, изговарајќи тажна, но опитна мудрост: „Непријателот секогаш се стреми да ги вооружи против човекот неговите домашни! Ние мора да бидеме подготвени за ова и да запомниме дека сè е според Божјата волја и за чистење на нашите гревови! “
Доаѓањето Христово го внесе Царството Божјо во светот и местото каде што Царството Божјо се пројавува е Црквата. Токму Црквата е таа која ја внесува вечноста во историјата и на историјата ѝ ја отвора перспективата на вечноста. Црквата е телото Христово коешто го надминува местото и времето и го соединува човештвото во една заедница над времето, една трансцендентална заедница каде што сите нешта битисуваат во Светиот Дух. Во Црквата, времето и целата вселена се повторно воспоставени.
Патувајќи така, застаналe на кoнак кај нeкoј бoгoљубив чoвeк, кoј ги нагoстил дoбрo, давајќи им да јадат oд срeбрeна чинија. Oткакo сe најалe, ангeлoт ја фатил чинијата и ја исфрлил вo мoрeтo. На мoнахoт тoа му станалo и чуднo и кривo, нo мoлчeл. Втoриoт дeн застаналe на кoнак пак кај нeкoј гoстoљубив чoвeк, кoј дoбрo ги примил и свoјски ги нагoстил. При тргнувањeтo тoј чoвeк гo извeл свoјoт син eдинeц да гo благoслoват патницитe.

Позитивната или штетната улога на болката зависи од личниот однос на човекот кон неа. Кога човекот не е способен во болката да види некаква смисла или цел, природно е да падне и да се разочара. Тој ја сфаќа како мачно патување кон небитието. Кога, напротив, човекот ја гледа болката како педагошко средство на Божјата промисла, тој може да ја искористи на позитивен начин и да ја вклучи во перспективата на своето духовно усовршување.
Господи, колку повеќе растам толку помалку сакам да разбирам, а повеќе да чувствувам. Сакам секој ден сè помалку да ти се противам, да направам место да влезеш со Твоите тивки стапки во секој дел од мојот живот.
Се чувствуваме противречно, бидејќи не погледнуваме во суштината. Суштината не е градење на своето јас на едно повисоко етичко ниво, одделно од нашата врска со Христа, туку обновување на нашата врска со Христа. Нашиот пат кон спасение и исцеление е да го најдеме нашето место во Телото Христово. Да ја најдеме нашата врска со Христа, односно да се храниме од благодатта Негова, да се храниме од љубовта Негова.
Најтрагичен момент за еден свештеник е да крсти едно дете и никогаш повеќе да не го види во храмот. Да ја земеш таа прекрасна Божја креација во своите раце, да ја подигнеш во името на Света Троица и да не ја видиш повторно. И мојот внатрешен крик прашува : ‘’Зошто?”























