Почитување на Пресветата Мајка Божја
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински молби пред својот Син, испросила милост за своите безбројни грешници, многу заблудени ги извела на вистински пат, на илјадници болни им го повратила здравјето,


Голема е Тајната на Црквата, зашто самата таа е една сеопфатна, света сетајна на Богочовекот. Тајна, којашто може да се сфати само однатре, со живот низ нејзините Свети Тајни и добродетели на Светиот Дух, и тоа во рамките на она што при тој благодатен живот и подвиг ни се открива. Затоа, потребно е да се знаат догмите и каноните на Црквата, добро е да се
Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, има кажано за Светата Тајна Причест: „Вистина, вистина ви велам: Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, немате живот во себе. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето Тело е вистинска храна, а Мојата Крв е вистинско питие. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, ќе живее во Мене и Јас во него. Како што Ме прати Живиот Отец и Јас живеам заради Отецот така и тој што Ме јаде Мене, ќе живее заради Мене“. (Јов. 6, 53-57)
Човекољубивите дела не се самоцел на нашето служење. Во Делата на апостолите, кога народот гладуваше, а апостолите се грижеа да ги нахранат, видоа дека тоа ги назадува во пренесувањето на Словото. Така, апостолите им го доверија ова значајно служење на седумте ѓакони, така што да продолжат самите тие неуморно да проповедаат.

Во молитвата не е најважно нејзиното времетраење, туку нејзиниот интензитет. Молете се барем пет минути, но за тоа време предајте му се на Бога со љубов и копнеж по Него. Можно е некој да се моли цела ноќ, а некој друг само пет минути, па петминутната молитва сепак да биде над онаа сеноќната. Ова, се разбира, е тајна, но тоа си е така.
Нo тoа разбирањe нe e личнo ниту пoсeбнo, нe e самo личнo и oригиналнo, туку тoа сe пoклoпува сo разбирањeтo на ситe свeтии. Бидeјќи, кoи сe свeти, акo нe бoгатитe вo вeрата и вo љубoвта? На нив дарoви на разбирањe сe тајнитe Бoжји заради нивната вeра и љубoвта. Прoвeри гo твoeтo разбирањe сo нивнoтo разбирањe, па акo видиш разлика, знај дeка ти нe си вo правo.
Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.
Дошло до значајна промена во начинот на кој се подразбира прогресот. Во нашето западно општество, како и во сите таканаречени „традиционални" општества, прогресот обично се третирал духовно, односно се сфаќал како внатрешен прогрес. Од ренесансата наваму, прогресот стана надворешен прогрес, што подразбира насобирање само на материјални добра. Дојде до трансмутација, обезвреднување
Пред да почнеш да се молиш затвори ги очите и замисли си: дошол Исус повторно, Судот завршил, Господ ги избрал луѓето и си заминува со нив, а ти си останал и ги гледаш како се оддалечуваат.
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
Бог ги создал ангелските чинови уште пред создавањето на светот и човекот. Како што вели свети Григориј Палама, Бог „ги создаде ангелите пред нас, заради нас, за да се испраќаат како ѓакони (служители)“. Свети Јован Дамаскин вели дека тоа се духовни битија, постојано во движење, слободни, бестелесни, кои Му служат на Бога и по благодат се несмртни.
























