Отец Варнава Јангу: Лажна светост и спасителна грешност
Се чувствуваме противречно, бидејќи не погледнуваме во суштината. Суштината не е градење на своето јас на едно повисоко етичко ниво, одделно од нашата врска со Христа, туку обновување на нашата врска со Христа. Нашиот пат кон спасение и исцеление е да го најдеме нашето место во Телото Христово. Да ја најдеме нашата врска со Христа, односно да се храниме од благодатта Негова, да се храниме од љубовта Негова.