Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител
Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на спасението и со нашето лично спасение. Древните, катакомбни христијани во раѓањето, во родендените што денес еуфорично ги празнуваме и одбележуваме, не гледале ништо значајно. За ден на раѓање го сметале денот на својата смрт, денот на нивното претставување од овој свет.