Старец Ефрем Филотејски и Аризонски: За помислите
Св. Исаак Сирин вели дека е лесно да се излезе на крај со ѓаволот на почетокот, но штом ќе успее да протне нога низ вратата, тогаш станува многу тешко човекот да се избори со него. Важно е да се трудиме да ги избришеме фантазирањето, движењата во душата и мислите кои ѓаволот ни ги наметнува. Треба веднаш да ги искорнеме. Исусовото име е оружјето со кое се протеруваат лошите мисли.