† ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
Чистото срце е слично на добра обработена плодна земја која донесува разновидни и обилни плодови. Чистото срце раѓа кротост, смиреност и милосрдие. Во бистра вода се огледува и небото и сонцето, и таа ги освежува жедните и ја гасне телесната жед. Човечкото срце е слично на бистрата вода. Го отсликува духовното небо и духовното сонце и во него се огледува Божјата кротост, сјај и величие. Во чисто срце се отсликува светоста Божја. Вистинска светлина која го осветлува секој човек. Чистото срце е слично на оган, па како што огнот го чисти за'рѓаниот метал, така и чистото срце го изгорува гревот во себе.