Сакам да бидам со мојот возљубен Христос, па дури и ако тој е во пеколот
Врската со Бога, она што ние го нарекуваме духовен живот, е толку едноставна и радосна, но ние ја правиме толку комплицирана и заморна, мачна и неспокојна, исполнета со вина, стравови, конфузија, негативност и роптање. И сето тоа затворено во еден израз: егоизам. Да, тоа е гордост и егоизам. Затоа што сакаме да контролираме сè, да одредиме се и да победиме во се. Бог во нашиот џеб а спасението во нашите придобивки.