Архимандрит Емилијан Симонопетриски: Го најдовме Рајот (прв дел)
Стихирите што ги пееме пред самиот почеток на Великиот пост ја оплакуваат загубата на Рајот. Тие ни го прикажуваат ликот на Адам, лишен од облеката на славата што му беше исткаена од Бога. Во една од овие стихири, Адам, протеран од Рајот, започнува да тажи и извикува: „Нема повеќе да Го видам Господа, мојот Бог и Творец, бидејќи сега се враќам на земјата од која што бев земен. О Милостив и човекољубив Боже, биди Милостив кон мене, бидејќи сум паднат.“ Среде своето страдање, сепак, Адам