Ретроспектива (2005-2020): Харалампиј Пападопулос- „Во Црквата бериќетен е оној кој загубил“
Затоа и постојат тие големи контрасти. Ќе видите луѓе, кои долги години се во Црквата и наместо да омекнат, стануваат се потврди, посурови, наместо срцето да им се шири, тоа се стеснува, наместо внатрешно да се откриваат, тие се сокриваат. Зошто станува така?-Затоа што постот, молитвата и сè друго прават, за да се почувствуваат добро и тоа не се љубовни односи кон Самиот Христос.