Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
„Тато купи ми кифла…“ Нови истории за чудата на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)
Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме






Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот, соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на
Но човекот кој верува во Бог, кој се предава на Бог, не се плаши. Многу луѓе додека живеат во лоното на Црквата, пројавуваат слабост, се колебаат пред да донесат решенија. Затоа многу пати таа своја обврска ја префрлаат на духовникот. А тоа е грешка. Човек може да побара совет од духовникот, но решение во животот треба сам да донесе:
Во клирот на Низибиската Црква имало уште еден човек исто така со име Ефрем. Плашејќи се од разобличување на својата незаконска врска со ќерката на еден од значајните граѓани на Низибија, тој ја подучил својата соучесничка во гревот, та таа, кога ќе бидат обелоденети последиците од нејзиниот престап, да ја префрли вината на неговиот истоименик – Ефрем,
Стигнавме дотаму што кога ќе сакаш да му кажеш на детето да ги слуша своите родители, прво ти минува низ глава мислата: „А дали воопшто живее заедно со родителите?“ Не знаеш како стојат работите. Му зборуваш за дом. Потоа ќе му ги видиш родителите и си велиш: „И јас да бев нивно дете, немаше да можам да живеам во тој дом“.
Еден ден во Црквата на Пророк Елисеј дојде една несреќна девојка и со солзи исповедаше дека девет години живеела со некој, кој секогаш го одложувал законскиот брак. Тој и кажа дека многу ќе се моли за овој случај. „Но потруди се по секоја цена да го донесеш во црква за да се сретнам со него“,и рече.
Сите знаеме дека ни е заповедано постојано да се радуваме: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста…“ (Гал. 5,22), „Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сè, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!“ (1.Сол. 5,16-18). Но мнозинството од нас не само што ја нема во себе таа радост, туку дури
На 1 ноември 1964 година Руската задгранична црква ја прославувала канонизацијата на свети Јован Кронштадски. Во навечерието руските емигранти решиле да организираат бал, посветен на Хелоуин (Halloween), познат како ноќ на вештерките, и во соборниот храм за време на сеноќното бдение, посветено на свети Јован Кронштадски, огромен број верници, за голема жалост на светиот владика Јован, отсуствувале.
– Сите ние во Дивеево сме слугинки на Царицата Небесна. А нашиот отец овде е отец Серафим. Тој ништо овде не направи по своја волја, дури ни камче, по неговите зборови, не помести, - така и ние треба постојано да испитуваме, дали е волја на нашата Врховна Игуменија за кои било од нашите започнати работи. Ништо не може да се направи произволно во ова место кое е под покровителство на Божјата Мајка.
Нека биде благословено името Господово од сега и до века! Господ како Своја заповед рече: „Сакајте Ме и во таа љубов чувајте ги заповедите Мои“ (сп. Јован 14, 23). Преку чувањето на заповедите ние добиваме навика, односно сѐ навикнуваме да живееме во непрестајно сеќавање на Христа: на Неговиот живот, на Неговиот пример и на Неговите заповеди. Ве замолувам драги, браќа
На многумина не им паѓа на ум Оној што продира и во темнината... Зарем веруваат дека постои нешто друго што може да нѐ извлече од такво очајание како кога телото е сосема скрушено (скршено и оставено без чувство на допир), кога човечкиот дух е неприсутен зашто е немоќен, поразен, просто избришан од душата и умот на очајникот! Што може да нѐ спаси тогаш кога...
Пред сè, да обратиме внимание на фактот дека во оваа парабола Спасителот го потенцирал името на сиромвиот, кој се викал Лазар, додека, пак, богатиот е безимен, односно, неговото име никаде во параболата не се спомнува. Тоа има длабоко значење. Секој човек има име, кое е дадено од Бога. Тоа име во себе ја содржи целта на човечкото постоење и неговиот повик во себе да го ..
Младешката возраст, таканаречена пубертет, е многу значајна возраст. Тој период може да им донесе на родителите толку болни изненадувања, што тие да посакаат да кренат раце, заплашени од младите, бидејќи не знаат што да прават ни како да се справат со однесувањето на своите деца.
Блажен е оној кој со ревност расне во молитвата; кон него, само ако таквиот е чист од секаква измама, нема да се приближи лукавиот.
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите.
Постојат различни начини на кои можеме да им се спротивставиме па лошите помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла. Прв, кој го препорачуваат Отците на Црквата е покајанието. Вториот е да го насочиме вниманието и нашето битие на нешто друго. Кога нашето внимание за ова другото се продолжува, непријателот престанува да се интересира и нè напушта.

























