Кај многумина владее мислењето дека Православието е една од многуте религии, која што како своја главна грижа ја има подготовката на членовите на Црквата за живот по смртта, односно да обезбеди место во рајот за секој православен христијанин. Така, се смета дека православната догма нуди плус гаранција, бидејќи е православна.
Ако еден предмет се скрши, ако едно парче дрво се скрши, тие тешко се поправаат. Но ако душата се „скрши“, да знаете дека таа се поправа. Душата пупи така како што едно мало дрвце пушта пупки напролет, како што се појавуваат пупки на една скршена гранка. Така, полека, полека пупи душата. Полека, полека се опоравивме, и несомнено, велам, станавме подобри.
Старец Пајсиј им одговорил дека знаел за смртта на овој монах, бидејќи видел цела војска ангели кои дошле да ја земат неговата душа. Поклониците биле зачудени и некои од нив негодувале, обидувајќи се да му објаснат на старецот за кого всушност зборувале, мислејќи дека тој не ги разбрал добро.
Старец Пајсиј им објаснил: „Овој монах е роден во Мала Азија, непосредно пред турското освојување, а Турците ги одвлекувале момчињата од родителите.
Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“.
Што значи “самооправдување”? Во самата својата структура, овој збор го означува однесувањето во кое едно лице себеси си ја припишува вистината, со други зборови – мисли дека е праведен. Теоретски, сите ние себеси се сметаме за грешници, се покајуваме на исповед еднаш месечно или почесто. Но, кога станува збор за конкретни случаи, ние самите себе се оправдуваме: во овој случај, јас не сум виновен, во однос на тоа јас се однесував правилно…
Пред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението,...
Непрестајната молитва и благодарењето кон Бог за сѐ што ни се случува се условите за нормален живот. Ако човекот не Му благодари на Бог за сѐ, тој не може ни да се моли... треба да биде задоволен со сѐ што се случува, било тоа да доаѓа од него самиот или од заедницата, или од непријателите, или од демонот. На пример:
„Ние не постоиме поради протест кон властите на некоја земја или поради несогласувањето со некој епископ. Воскресението не е симбол на уневерзалното братство меѓу народите. Литургијата не е политичка демонстрација во служба на човековите идеи, иаоко дефинитивно содржи визија за човечкиот род, неговата земна и небесна судбина, која мора да ја научиме...
Секој човек ја бара вистината, го бара животот, бара од каде дошол и каде треба да оди. Ќе се осмелам да ги приведам зборовите од мојот духовник: „Ниту еден човек не сака да греши“.
Јас се изненадив, затоа што знаев дека сите сакаме да грешиме, но тоа е забрането.Тоа не е вистина! Човекот не го бара гревот. Гревот – е искривување на природата. Гревот.
Kога некој одлучи да води духовен живот, најпрво што треба да направи, е да се раздели со логиката, доколку сака да напредува. Животот по логика и духовниот живот се две сосема спротивни состојби, кои се спротивставуваат една со друга.
Оној, кој живее духовно, не ја користи логиката (т.н. ‘здрав разум’.)
Радоста, која ја дава знаењето, треба да биде дополнета од радоста на созерцанието, и тогаш ќе биде совршена. „Сè знам, сè разбирам, и сепак се зачудувам“, – вели човекот. Вчудоневидување пред СЕ, вчудоневидување, без оглед на сите маки, – тоа е убавината, тоа е спасението на светот, тоа е почеток на патот кон Бога…
А животот без восхитување пред убавината, а значи и без Бога, е празен и ништожен.
Многумина мислат дека Бог создал само едно небо, но Тој создал не едно, туку две. Многумина мислат дека Тој создал само една земја, но тој создал две. Но да почнеме од почеток...
Пред Бог да го создаде овој свет, кој го знаеме и во кој живееме, Он го создал духовниот свет, светот на ангелите. Пред создавањето на светот, кој го познаваме, се случил бунтот на Деница против Бог.
Малубројните, а богато надарени осаменици го пронаоѓаат патот до целта, до бесмртнита убавина. Другите одат по широкиот, „исшкрабан“ пат од уметноста и нејзините техники, односно преку надворешното: канони, ритуали, надворешна побожност – тоа е патот за „многуповиканите“.
Улогата на христијаните во светот е да ја прочистуваат атмосферата на земјата и да ја шират атмосферата на Царството Божјо. Од човекот кој го носи Божјото Царство во себе зрачат светли мисли, полни со љубов кон човекот, сочувствителност, Божји мисли.