НОВО од Издавачката дејност на манастирот "Св. Атанасиј Велики" С. Журче

Дистрибутивен контакт:
s.haritina@yahoo.com
081358579 С. Харитина
075490655 Струмица
070276721 Скопје - Марјан

Дистрибутивен контакт:
s.haritina@yahoo.com
081358579 С. Харитина
075490655 Струмица
070276721 Скопје - Марјан
Кога некој почне да чувствува силна љубов спрема Бога, тогаш тој почнува духовно да го сака и својот ближен. И кога ќе почне ваквата љубов, таа никогаш не престанува. За оваа и ваква љубов говори целото Свето писмо. Телесната љубов, којашто не е поврзана со духовно чувство, штом ќе се појави и најобичен повод,
Од него зависи како ќе ја насочи, дали за добро или за зло. Ако доброто го споредиме со цветна градина полна со цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме со трње, а силата со вода, тогаш може да се случи следново: кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат.
Отворете ја вашата прегратка, отворете ги своите раце за Христос, исто како и детенцето кое гледа диво животно и не се плаши, затоа што до него е татко му, и се фрла во неговата прегратка. Тој начин на игнорирање да го употребувате при секој напад на лукавиот и при секоја помисла. “
За време на годините на глад ги хранеле и облекувале сиромашните, им помагале на затворениците, на сиропиталиштата и на многудетните семејства. Се случи еднаш, на празникот на преп. Сергеј Радоњешки, во Троице-Сергиевата лавра, сестра ми да добие благослов од еден познат и многу почитуван владика.
Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање. Ние сме сигурно заштитени ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојан грев кој е во моментов во пораст во светот.
Христос влегува во нашиот живот, за да нè соедини пред лицето на болката и несреќата во едно цело, за да не собере сите заедно, та да не останеме во моментите на беда, „еден на еден“ со таа беда, како што некогаш остана Тој.
Соединувајќи нè во едно цело пред лицето на несреќата, Тој го прави она, што никој друг не може. Така се раѓа Црквата.
Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество, кога го прими чинот на мироносица, пред погребението, Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта на невоздржувањето и блудот, и мрачната љубов кон гревот ме обзема. Прими ги потоците од моите солзи, Ти; Кој од облаци ја произведуваш морската вода. Приклони се кон моите срдечни воздишки,
Апсолутната вредност, - познанието на Бога, не зависи од нас самите. Тоа се среќава низ огледалото во загатка, во немирниот вртлог на поетските и философските символи. Нам ни требаат – не – срамежливи насмевки на мудроста, туку – СЀ ИЛИ НИШТО! Да Го допреме Бога со рака, - ако е тоа можно, мислам дека е остварливо само преку душата на другиот,
Познанието и делото коишто ни се суштински потребни, заради кои единствено и ни е даруван нашиот земен живот – познанието на Бога и помирувањето со Него, при посредство на Искупителот – ние потполно ги презираме. ,,Покајте се!”
Кога стигна пред Црквата тоа утро, тој забележа полу гол човек кој седеше на скалите и се тресеше од јака треска.
“Помогни ми“, тој му рече. “Се змрзнав до смрт“
Без двоумење Танасис ја соблече овчјата кожа која бече на неговиот грб и со неа го завитка непознатиот човек
Што претставува схоластицизмот и зошто нанесува штета на ‘’живата’’ методологија која ја спознаваме во текстовите на Светите Отци? Терминот схоластичка теологија произлезе од школите на манастирите, каде веќе од 9 век започнаа да се негуваат богословските науки. За да може да се учи школска теологија, требаше прво да се завршат претходни студии, наречени trivium (реторика, граматика, дијалектика) и quadrivium (аритметика, геометрија, астрономија и музика).
Значи тој бил теоретичар ама повеќе се осврнувал на пастиркото дејствување со дела. Така неговите дела секогаш имале морално – практичен карактер и биле службено орудие, помошно средство за поуспешно и по плодородно пастирско служење. Тој вели : ,,Во мене една е целта, да се принесам, приведам во sидањето на црквата.

„Ништо толку силно не може да ја изрази длабочината на христијанската љубов и смирение, ништо друго не може да внесе свежина во срцата на луѓето и промена во атмосферата на целиот свет, како што тоа го може зборот прости. Збор, кој го претставува тој силен крик на душата и повикот кон секој човек за помирување...
Од својата дванаесетта година страдав од опседнатост. Животот ми беше вистинско мачење. После чинот на истерување на демонот се чувствував како да сум претепан. Тогаш мојот духовник одлучи да служи бдение во првата сабота од Великиот пост во 1995 година во Суроти (женски манастир во близина на Солун, каде што е погребан старец Пајсиј).

Светите Оци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме“. Кога таа ќе почне сама да се твори, без твојата волја,тогаш тоа е неверојатна, боженствена сила. Чувствуваш неискажана радост. Се ти е омилено, се ти е добро, се ти е свето. Тоа е Боженствена благодат која се дава, не зависи од нашата волја, желба;

Гревот е, пред сѐ, духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и за кој е природно, т.е. по својата природа, повикан.
Светите Τри Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој посебен ден на празнување според календарот на Св. Православна Црква Светите Три Светители, секој одделно имаат ден за празнување во месецот јануари, и тоа: Св. Василиј Велики се празнува на 1-ви јануари, Св. Григориј Богослов на 25-јануари и Св. Јован Златоуст на 27-ми јануари.

Пастирската служба според своето значење и мисија што ја има е неспоредливо поголема од било која друга што се извршува на земјата, а место зазема дури и на небесата, па затоа нејзината димензија е небоземнаГоспод Исус Христос е Единствениот, Вистинскиот Пастир, а црковните пастири се неговите соработници.

Дури и гoлeмитe свeтитeли сe мамeлe за луѓeтo.
Така, на примeр, св. Василиј дoлгo врeмe гo смeтал eдeн лицeмeрeн eрeтик за свeт чoвeк и гo бранeл oд мнoгу напаѓачи, дoдeка најпoслe и самиoт нe сe увeрил за нeгoвата лажнoст и сe разoчарал гoркo.