арх. Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ (1)

-Тој живееше така разумно, и иако рано си замина, сепак сите разбаа, дека тој човек ја достигнал својата цел и многу се приближил до Бога.
Затоа, браќа, прашањето не во тоа, колку години ќе живееме, туку како ќе живееме. Знаеш ли ти, зошто живееш, знаеш ли, што правиш сите овие...




Сите треба да знаеме што бараме од Црквата, а она што може таа да ни го даде е личната врска со Христос. Многу важно е да знаеме дека влегувајќи во Црквата, ние сме повикани да се соединиме не со учењето на Црквата, туку со нејзината Личност, да имаме личен однос со една Личност- Исус Христос, со живата Личност Која постои и со Која човек може и треба да има љубовен однос.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.

Тeлeсната вoздржанoст e првo училиштe на нашиoт христијански карактeр; пo нeа дoаѓа вишата шкoла вo кoја сe учимe на вoздржанoст на умoт, срцeтo и вoлјата. Акo гo запрeгнeмe нашиoт ум, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни мисли. Акo гo запрeгнeмe срцeтo нашe, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни жeлби. Акo ја запрeгнeмe нашата вoлја, тoгаш вo нeа нe ќe има мeстo за злoбнитe ѓавoлски и ѕвeрски пoжeлби.
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.

































