Венко Андоновски: Што сѐ значи „проевропски ориентиран“?
За крај, и една јазична препорака: поверно за духот на македонскиот јазик е да се каже „европски насочен/настроен“ одошто „европски ориентиран“, зашто коренот „ориент“ значи – Исток, а Европа уплав има да ја споредуваат со него. Затоа и изразот „западно ориентиран“ („западно свртен кон исток“), е contradicitio in adjecto, како „железно дрво“. Ориентацијата сепак симболички му припаѓа на Истокот, изгревот. На запад, симболички гледано, сонцето заоѓа, а ориентацијата, како што е познато, ноќе се одвива само според ѕвезди.