Поуки од свети Марко, извадоци од неговите други слова (1)
Кога без наша согласност ќе нѐ нападне некоја нечиста помисла, која не ја сакаме и кога ненадејно, како разбојник, ќе навлезе во нас, таа ќе успее насилно да завладее со нашиот ум. Но, сепак треба да знаеш дека и таа помисла произлегла од самите нас, затоа што по крштевањето сме се предавале на таа помисла, иако не сме ја извршувале на дело; или, пак, по наша слободна волја, сме задржале во себе си некои семиња на злото,