Правила на христијанската „омраза“ - Александар Ткаченко
Навистина, како можеме да ја спроведеме во пракса оваа лаконска заповед? Зашто гревот нема самостојно битие, одделно од човекот којшто го извршува. Не може да постои кражба без конкретниот човек кој украл туѓ предмет или пари. Убиство постои само таму каде определен субјект прекинува туѓ живот. Лагата е невозможна без оној кој отстапува од вистината. Гревот без грешникот е како „сферичен коњ во вакуум“ – апстракција, којашто може да се постигне само со добро развиена имагинација.