Свети Никола Кавасила: Светата Трпеза нас нѐ вселува во Христос
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;