Кој услов треба да го исполни Европа, за да стане Македонија членка на ЕУ?
Со други зборови, Европа треба да го научи она што пред дваесетина години го научи Дејвид Боуен, симпатичен Британец, кој како од небо да падна на нашиот Филолошки факултет, како лектор по англиски јазик. Остана во сеќавањето како еден од најдобрите лектори на Катедрата за англистика (покрај веќе легендарните Пеги и Греам Рид и Ричард Гофран), но и како човек што, како и споменатите тројца, многу брзо се „помакедончи“ и разви силна љубов кон Македонија и Македонците. Овој тогашен младич, висок, сув како ластегарка и со тен карактеристичен за британската магла и пабовите, научи македонски за неколку