Даровите кои отец Серафим ги стекнал со долготрајното и значајно подвижништво, со долгото пустинство и со строгото затвореништво, не се појавиле само преку поучување, наѕидување и раководење на ближните, преку упатување на патот на спасение, туку и во големата проникливост и помош кон сите, кои барајќи исцеление од разни телесни и душевни болести, му се обраќале со топла вера во Бога и со искрено смирение.
Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
Тоа не е неочекувана несреќа, туку заедничка судбина на сите нас. Разделувањето е тажно, но тоа не е без крај... Денес-утре и ние ќе отудеме таму.