КОГА ПРАВИШ ДОБРО, ПРАВИ ГО НА ДОБАР НАЧИН
Помина многу време откако Пркос беше стигнал во Ти-Градот. Покрај гостопримството кое го доживеа во куќата на Ведрана, гостуваше и во други семејства. На тој начин доби прилика одблиску да го запознае животот во Ти-Градот и да го споредува со животот во Јас-Градот.