Прославено ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ во Соборниот храм Св. Климент Охридски

Прославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН во Соборниот храм Св. Климент Охридски започна ноќта на 15 април со Полуноќница и Крсниот пат, а заврши утрото со Пасхална Утрена и Божествена Литургија на св. Јован Златоуст. На богослужбите чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан..







„Науката и философијата самите на себе си го поставуваат прашањето „што е вистина“, додека чистата христијанска совест се обраќа кон вистината прашувајќи „Кој?“. Претставниците на науката и философијата често христијаните ги сметаат дека се сонувачи без длабочина,
Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество, кога го прими чинот на мироносица, пред погребението, Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта на невоздржувањето и блудот, и мрачната љубов кон гревот ме обзема. Прими ги потоците од моите солзи, Ти; Кој од облаци ја произведуваш морската вода. Приклони се кон моите срдечни воздишки,
Колку сме непостојани ние луѓето! Колку лесно може да не заведе и занесе световната суета, да потонеме во сонот на духовниот немар, едноставно да заборавиме на својата душа, спасението и вечниот живот во Бога. Лишени од елејот на добри дела и без плодови од талантот што Бог ни го дал, секој миг можеме да заспиеме со смртен сон и да се најдеме неподготвени пред Младоженецот на нашите души.
Велики Понеделник го осветлува почетокот на страдањата Господови.
И тогаш ми се лизна патиката. Успеав само да сфатам дека паѓам и да си помислам: Крај!"
Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново во овој свет.Затоа и постојано ви повторувам: во глобалниот театар на илузијата во којшто живееме многу страни немаме, или ќе бидеме со Христос или со другата страна – световната,
Овој празник, како што вели еден современ епископ на Црквата, е полнота од образи и парадокси. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Тагата заради страдањето и крстот, а радоста заради воскресението и победата над смртта. Искрената вера во чистите срца на повторно родените во Христа и
На 08.04.2017 2017 година, во Недела на преп.Марија Египетска, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на Лазаровото воскресение, старешината на храмот
Господи, си дошол на гробот на четиридневниот Лазар и, откако над гробот пролеа солзи, четиридневниот мртовец си го воскреснал. Затоа со Твојот глас смртта беше врзана, пелените се одврзаа, и тогаш со радост се исполни мноштвото ученици, и од сите едногласно се слушаше: Благословен си, Спасителе, помилуј нѐ
Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
„Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите...“„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“.
На ден 07.04.2017 година, на празникот Благовештение, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „ свети Кирил и Методиј“ во Тетово, отслужи вечерна со Златоустова литургија во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво. Пред литургијата Митрополитот благоизволи да го ракопроизведе, благочестивиот христијанин Бобан Трпковски од с. Теарце, за чтец.
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Во секој период од историјата, кој е различен од претходниот, Бог повикува соодветни учители, проповедници, светители, кои живеат во тој конкретен период, го знаат духот на времето, го знаат товарот на народот, и токму таквите, како запалени светилници, како ѕвезди водилки, му даваат насока на народот, како во тоа време да Го најде и следи Христа, како да верува, и покрај сите модерни противречности.
























