
„Доколку ми дадете благослов да пијам чај, Христос може да го претвори во млеко, па дури и да ме излекува само со чај.“
Старецот бил трогнат од големото благочестие на монахот и му дал благослов да пие чај наместо млеко.
Така, ако простодушните зборови на побожниот монах го трогнале игуменот, колку ли повеќе го трогнале самиот Христос!


На почетокот на експериментот, двете јагниња тежеле речиси иста тежина.
Бидете многу внимателни, бидејќи помислата е моќна. Нејзината сила е слична на ефектот на инјекцијата. А самата помисла можеме да ја споредиме со шприц. Каков вид на шприц? Тенок. Дали тој ни предизвикува болка? Минимална.Низ минијатурната дупка иглата влегува во вената, едвај ние и да ја почувствуваме: само моментот на убод од иглата го чувствуваме како убод на ситен инсект.
Ја слушаш дијагнозата и го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од рак?
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови,
Сè има свој почеток, вклучувајќи го и гревот. Доволно е да го направите првиот чекор, а потоа, сè се движи како на тобоган - побрзо и побрзо. Понекогаш свесно грешиме „малку“, „умерено“, „пријатно“, а потоа се впуштаме во она што е безгранично страшно. Но, Бог нè создаде како слободни и затоа имаме право да правиме што сакаме, вклучително и да грешиме. И тука е чудната работа! - ова право го користиме најчесто.
"Но, човечкото срце, во кое грее надежта за бесмртност, не може да се помири со мислата за жестоката бесцелност на земниот живот. Човекот е тело и душа. Ако човечките тела се така премудро створени, така што, со секој свој орган и со секоја своја насочена функција постигнат некаква разумна цел, ...
Во Православната Црква, задушниците (како што кажува самото име, денови за-душа), ја засилуваат и обновуваат нашата свест дека ние, како живи членови, и претходно упокоените христијани сме роднини, еден неразделив жив организам, една и иста жива Црква. Наша должност е во овие денови да се молиме, како дома или во келија, така и во Црквите и на почивалиштата (гробовите), но и да твориме милостиња за душите на упокоените,..
Ведрана ги отвора очите и прво пред себе го гледа Пркос. Му се насмевнува.
Не треба да им се спротивставувате на ближните, да ги преубедувате – бесполезно е. И на глава да застанете пред нив, нема ништо да добиете. Нив треба, едноставно да ги љубите заради Христа, зашто Господ е во нив, дури и тие да не веруваат во Него, инаку зарем би биле воопшто живи?
Зар Самиот Господ не рече дека оној кој (Тој) го љуби, него и го казнува и преку маките го отргнува од земја – за да ни олесни да го „имаме срцето горе“ не само за време на Литургија, туку засекогаш. Зар ние имаме право да Му диктираме на Господ што треба Тој да прави со нас!
Умот кој долго размислува за нешто материјално, се разбира, станува зависен од тоа, имено, тоа е или желба, или тага, или гнев, или злопамтие, и ако не смета дека тоа е ништожно, нема да може да се ослободи од таа страст.
Бог е присутен не само таму каде што се прават големи работи што ќе останат во историјата, туку и таму каде што мајката го воспитува своето дете во раце, каде што човек со тешкотии чесно заработува леб за своето семејство;Бог е таму каде што човекот љуби, каде што човекот се жртвува за друг, каде што човекот се радува на човекот.























