Св. Григориј Палама: Да се плашиме од скаменетата нечувствителност за нашите гревови
Навистина е Божји дар да се чувствува длаболка болка поради гревовите.
Тоа е полно покајание, самоосудување со цврста намера да се остави дотогашниот гревовен живот, да се стане нов човек, да се помириме со Бога и со сопствената совест. Тоа е, исто така, и цврста доверба во Божјата сепростувачка добрина. Само оној кој свесно и искрено се кае добива простување. За непокајните, пак, следува пропаст.